Фото: EPA-EFE/DAVID CHANG

Јапонија ќе има нов дизајн на пасошите за да спречи фалсификување

Јапонија објави нов дизајн за пасоши кои ќе бидат достапни од пролет следната година, а целта е да се спречи фалсификување на документот, јавуваат денеска јапонските медиуми.

Фотографијата на пасошот е изработена од пластика и има вграден чип.

-На таа страница од пасошот ќе има симбол на црешовиот цвет, како и посебен воден печат – соопшти јапонското Министерство за надворешни работи.

Пасошите со нов изглед ќе се издаваат од 24 март следната година.

Според извештаите, се очекува да бидат потребни околу две недели подолго за издавање на новите патни исправи отколку што е случај сега, бидејќи новиот дизајн го произведува Националното биро за печатење, кое исто така прави банкноти.

Сега фотографиите од пасошот се печатат во канцелариите на локалната самоуправа и дипломатските претставништва во странство, па Јапонците чекаат околу една недела за нов пасош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот