Јанкулоска откако судот ја ослободи: Помина речиси една деценија, а како да поминаа три животи

„Борбата за правда прододолжува и се надевам дека ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушувањето“, напиша на „Фејсбук“ Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи која беше обвинета во случајот „Тврдина“, а судот денеска ја ослободи од вина. Таа изјави дека е задоволна од денешната пресуда на Основниот кривичен суд.

„Календарски помина речиси една деценија, а како да поминаа три животи на некој што доживеал длабока старост. Само семејството и релативно мал круг блиски луѓе и пријатели знаат како изгледаа овие години. Задоволна сум од денешната одлука на судот кој ги уважи нашите аргументи. Без оглед што во кривичната постапка не се утврди виновникот за масовното прислушување, што мене како една од најголемите жртви на овој монструозен чин и на моето семејство од корен ни ги промени животите и ни нанесе ненадоместлива штета, борбата за правда прододолжува и се надевам дека ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушувањето“, пишува Јанкулоска во објавата.

Јанкулоска од обвинета стана жртва – ќе бара отштета за прислушувањето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот