Весна Јаневска и Даниела Јовчевска Михајловска,прес во министерство за образование / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Јаневска: Законот за верски училишта е уставен и не ја нарушува секуларноста на државата

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ја поздрави одлуката на пратениците кои го изгласаа законот за верското образование, со што им се овозможува на учениците од овие училишта да полагаат државна матура и да се запишуваат на универзитетите на ист начин како и учениците од другите видови образование како гимназиското, стручното и уметничкото.

Таа истакна дека за овој закон министерството истражувало многу литература и закони од околните држави како Бугарија, Србија, Албанија, Хрватска, Словенија, потоа Германија, Англија и други земји од ЕУ.

-Видовме дека тие држави на многу сличен начин го решаваат верското образование кај нив самите. Се потрудивме да го направиме да биде уставен и, ако добро го читате законот, нема мешање на државата во верското образование, односно овој закон не ја нарушува секуларноста на државата. Но, за тоа образование, за да може да обезбеди проодност на учениците понатаму на висоокообразовните институции, државата дава предлог како може да се направи. Доколу верските училишта сакаат, ќе го почитуваат законот и ќе можат учениците да пристапат кон полагање на државна матура со што би можеле да продолжат и на другите факултети освен на теолошките, рече Јаневска.

Таа додаде дека доколку училиштата не одберат да работат по овој закон, нивните ученици нема да можат да полагаат државна матура, а со тоа нема да можат ниту да се запишат на ниту еден факултет„ освен на некој од теолошките.

-Водевме многу сметка да нема преклопување на ингеренциите, рековме дека како држава ќе им понудиме можност со наставни програми, ќе им ги понуди Бирото, со кои учениците би можеле да ја положат државната матура. Ако ги прифатат, учениците ќе може да положат матура, учениците што нема да положат државна матура, нема да можат да го продолжат образованието на другите факултети освен на теолошките факултети.

Во согласност сме со законите во околните држави и сметам дека крајно време беше и овој проблем да се реши. Како што сум информирана, 12 години се работи на овој проблем, имавме едно несреќно, неуставно решение кое Уставниот суд го поништи. Пратениците го прифатија овој закон, го подобрија, за што им благодарам. Се надевам дека ќе има , истакна Јаневска.

Јаневска рече дека се надева на успешна имплементација на овој закон, кој би започнал да важи од оваа или од следната учебна година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот