Весна Јаневска - министерка за образование / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Јаневска е „длабоко убедена“ дека основците ќе имаат учебници за странски јазици на 1 септември

Основците по 1 септември ќе ги добијат учебниците по сите странски јазици кои им се потребни за наставата, најави вчера министерката за образование, Весна Јаневска. На вчерашната конференција за печат посветена на воведување на вештачката интелигенција во средното образование, таа рече дека долгогодишниот проблем на недостигот на овие учебници ќе биде решен.

– Учебници по странски јазици ќе има. Веќе се донесени одлуки со кои се одобруваат учебниците за англиски и за германски јазик од прво до деветто одделение – рече Јаневска.

Таа додаде дека до петок ќе има такви одлуки и за останатите јазици, француски и италијански.

– Процедурата тече и јас сум длабоко убедена дека на 1 септември ние ќе ги имаме сите учебници – рече Јаневска.

Министерката додаде дека во најскоро време ќе биде објавена и просечната оценка од успехот на матурантите на тестовите од двата екстерни испита од државната матура, кои ги полагаа на 31 мај и 11 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот