РТ, Раша Тудеј/ Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Јакне руската пропаганда во регионот, дезинформациите продираат и во Македонија

Додека европските земји се борат по секоја цена да ја спречат руската пропаганда на европско тло и Балканот, во соседството на Македонија поточно во Србија се отвора нова редакција на руската државна телевизија „Русија денес“. Упатените велат дека покрај тоа што РТ или „Русија Денес“ може да претставува „проблем“ за официјален Белград, бидејќи исклучиво ќе ги промовира интересите на Москва, истиот медиум ќе преставува нов пропаганден центар на Русија во регионот и тој лесно ќе може да ги прелива своите политики во земјава доколку се зеде во предвид блискоста на државите, сличноста во јазиците но и култоролошката поврзаност меѓу народите.

„Слободен печат“ разговараше се експерти за последиците со кои може да се соочат земјите од регионот, вклучително и Македонија.

Комуникологот и професор Сеад Џигал вели дека земјава веќе се соочува со енергетска криза која, според него, има економски и безбедносен аспект, но посочува дека еден од најголемите предизвици за земјите од Балканот ќе биде руското влијание врз јавното мислење.

Професор Сеад Џигал – комуниколог/ принтскрин – Youtube

– Преку отворањето на новиот руски медиум во соседството се потврдува и реализирањето на нивниот проект кој е oдамна замислен и најавен. Во суштина ова е разбирлив протег на Русија која се соочи со затворање на нејзините информативни сервиси во остатокот на Европа. Овој чекор беше најавен од подамна и „Русија денес“ бара некој простор во држави како Туриција и Србија кои пак не се интегрираани во целост со европската политка, да создаде свој информативен центар во регионот – вели професорот Џигал.

Според него од комуниколошка точка ова е разбирливо и засега не може да се каже дали е добро или лошо бидејќи тоа е дел и од самиот конфликт. Сепак комуникологот вели дека во земјава доста е ранлив информацискиот простор и поради тоа институциите и јавноста треба да внимаваат во она што се пласира на порталите но и преку социјалните мрежи.

– Македонија е могу засегната и има голем натплив од непроверени информации токму од поранешните екс простори а особено од Србија. Се она што се случува таму експресно се рефлектира и пренесува кај нас. Па во тој контекст, земјава мора да внимава во насока да се воспостави медиумска и професионална пракса за да не се пренесуваат дезинформации овдека особено руски. Доколку се пренесуваат информации од конкретниот медиум „Русија денес“ таа информација треба да се провери добро па да се пласира во јавноста. Одговорност е на медиумите во вакви светски конфликти да пренесуваат единствено проверени ифнормцаии а не лажни се со цел истите да не рефлектираат врз граѓаните – посочува професорот Џигал.

Од друга страна Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис вели дека ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија е голем. Според него отворањето нови медиумски куќи во Србија, наменети за пренесување странски антидемократски влијанија, до сега имаше негативно влијание и реперкусии и на целиот регион.

Филип Стојановски, Метаморфозис
Филип Стојановски, Метаморфозис/Фото: Слободен печат

– Мониторингот на медиуми што Метаморфозис го спроведува заедно со мрежа на партнери во ниво на регионот на Западен Балкан покажува дека српската медиумска индустрија е главен фактор на пренесување на руското влијание во нејзиното соседство, бидејќи голем број медиуми некритички ги преземаат нивните содржини и без да направат проверка ги реобјавуваат. Има повеќе фактори што влијаат на оваа појава, од кои многу важни се познавањето на јазиците односно леснотијата на превод од српски, во комбинација со потребата за пополнување содржини на неразвиените медиумски пазари, но и политичката ориентација на дел од редакциите, блиски со политички партии кои отворено или прикриено се антизападни односно анти-ЕУ и анти-НАТО – вели Стојановски.

Според него досегашните искуства со руски државни медиуми на српски и други локални јазици, како српската испостава на „Спутник њуз“ и српската, хрватската, бугарската, словенечката и македонската верзија на „Русија бијонд бордерс“ покажуваат дека содржите што ги нудат со години се пренесуваат од низа медиуми во Северна Македонија и Херцеговина, Босна, Црна Гора, како и Косово.

– Интересно е дека не се работи само за дневно-политичка пропаганда и цитирање изјави што содржат лаги и закани без додатно објаснение на контекстот, туку и за содржини со кои постепено се гради фасцинација од моќта на Русија, како воена технологија, култура, наука, медицина, економија… При тоа читателите на тие пренесувачки медиуми ретко добиваат информација за природата на оригиналниот извор, како и тоа дека не се работи за редакции кои ги следат новинарските стандарди, туку функционираат како државни пропагандни сервиси кои се финансирани директно од режимот од Кремљ. Дел од локалните медиуми ги пиратизираат ваквите написи без и воопшто да го наведат изворот, претставувајќи ги пренесените дезинформации и манипулации како свои – подвлекува Стојановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот