Фото: Министерство за Јавна Администрација, фејсбук

Јаќимоски: Јавните институции се мост меѓу владата и граѓаните

Заменикот министер за јавна администрација, Лазе Јаќимоски учествуваше на Регионалниот состанок на регионалната платформа за реформа на јавна администрација WeBER.

Во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, се одржа Регионален состанок на регионалната платформа за реформа на јавна администрација WeBER, на кој учествуваше Заменикот министер за јавна администрација Лазе Јаќимоски.

Експерти, владини претставници и претставници од граѓанските организации од Западен Балкан дискутираа за последните трендови во реформата на јавната администрација во ЕУ и на Западниот Балкан.

Фото: Министерство за Јавна Администрација, фејсбук

Во своето обраќање на овој значаен настан за нашата држава и за целиот регион на Западен Балкан, Заменикот министер за јавна администрација Лазе Јаќимоски, ја истакна улогата на реформата на јавната администрација како камен-темелник за нашите аспирации за членство во Европската унија.

– Реформата на јавната администрација (РЈА) е основата на која можеме да изградиме поотпорна и поодговорна рамка на управување. Таа се однесува на најфундаменталните аспекти на тоа како владееме, од транспарентноста на нашите институции до одговорноста на нашите лидери, од пристапноста на нашите услуги до довербата на нашите граѓани. Нашите јавни институции, како мост меѓу владата и граѓаните, мора да се олицетворение на највисоките стандарди на интегритет и одговорност – истакна заменикот министер Лазе Јаќимовски.

Заменикот министер Лазе Јаќимовски, во неговото обраќањe нагласи и дека реформата на јавната администрација е долгорочна инвестиција во иднината на нашата држава која бара постојан напор, политичка волја и поддршка од нашите партнери, особено од Европската Унија.

– Ние, како Министерство за јавна администрација, направивме чекори кон вградување на принципите на ЕУ во јавната администрација. Нашите реформи се насочени кон создавање администрација која е транспарентна, ефективна и насочена кон граѓаните. Нашето партнерство со ЕУ е од непроценливо значење, обезбедувајќи ни насоки и ресурси додека ги унапредуваме овие реформи, а соработката со регионалните иницијативи како WeBER ја зајакнува нашата решителност преку поврзување со други земји кои се соочуваат со слични предизвици – посочи во својот говор заменикот министер Лазе Јаќимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот