Јакимовски: Тој што бега од дебата во кампања нема да може да се справи со проблемите како претседател

Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош/ ФОТО, Слободен печат

Тој што сега не може да се справи со проблемите во изборната кампања, утре нема да биде спремен да се соочи и со проблемите како претедател, секогаш ќе оди по линија на помал отпор, истакна во денешното гостување во „Аргумент плус“ на ТВ24 претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.

Јакимовски нагласи дека е срамно што за локални избори се организираат повеќе дебати отколку за претседателски избори, за клучна функција во државата во период кога се бараат уставни измени, бришење на Македонците од Уставот, бришење на Бадентерот и слично.

– Кажува ли некој дека македонскиот јазик ќе биде последен услов за влез во ЕУ? Јас барам комплетно затворање на бугарското прашање. И за јазикот и за тоа од кога сме нација и за историските личности, кога ќе го затвориме целиот пакет може Бугарите да влезат во Уставот. Ние цело време се правиме дека не слушаме дека ќе ни поставуваат нови услови, само затоа што некој нема друга реторика различна од ЕУ и НАТО, истакна Јакимовски.

 

Тој додаде дека најквалитетните амбасадори мора да се назначуваат во најсериозните земји и да го обновиме контактот со дијаспората, да се спроведува онлајн гласање и слично.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот