
Јакимовски одбил да го потпише договорот со „Декра Арбајт“ за привремени вработувања
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски одбил да ја потпише Одлуката за склучување договор со приватната агенција за вработувања „Декра Арбајт“ од Скопје за давање услуги за привремено вработување, затоа што вршела влијание и се договарала со други економски оператори со цел на аукцијата да не се намали цената и агенцијата да ја добие јавната набавка.
Препорачано
Како што информира Општина Карпош на на 7 февруари годинава е објавена е јавна набавка за услуга за привремени вработувања. Од извештајот за текот на е-аукцијата било констатирано дека ниту еден од шесте пријавени економски оператори не понудил пониска цена од првично понудената на електронската аукција, односно не учествувале во јавно наддавање.
По извршените дополнителни консултации со учесниците во јавната набавка, според Општината има основано сомневање дека првопласираната агенција „Декра Арбајт“ вршела влијание и се договарала со други економски оператори со цел на аукцијата да не се намали цената и таа да ја добие јавната набавка.
– Со тоа се оштетува буџетот на Општина Карпош и од тие причини градоначалникот Јакимовски нема да ја потпише јавната набавка.
Со ова грубо се нарушува конкуренцијата, што е спротивно на законските прописи и не е во духот на пазарното стопанство, а истите дејствија Законот за заштита на конкуренција ги санкционира. За ова ќе бидат известени надлежните органи – велат од Карпош.