ОЈО,зграда на основно јавно обвинителство / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Јахоски во Турција бил на матура кај синот – Обвинителството одобрило, а Судот одлучил за привремен пасош

Обвинителството одобрило времен пасош за сопственикот на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски, за тој да оди во Турција на прослава на матурата на неговиот син – ова е одговорот од ОЈОГОКК на прашањето на „Слободен печат“ зошто ја прифатиле жалбата на Јахоски.

Оттаму објаснуваат дека на првото барање од Кривичен не се согласиле, но на второто барање се согласиле.

-Имајќи предвид дека пред два месеци ОЈО ГОКК го услови предлогот на осомничениот за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка гаранција во недвижен имот со проценета вредност од 60 672 235 денари, со дополнително депонирање на износ од 72 000 000 денари на сметка на судот, како и фактот дека се уште се активни и останатите мерки на претпазливост меѓу кои и обврска повремено да се јавува на определено службено лице или надлежен државен орган, обвинителството го прифати вториот предлог за издавање на времена патна исправа заради присуство на осомничениот за матура на својот син – велат од Обвинителството.

Сепак, нагласуваат дека одлуката односно решението по жалбата за да му се издаде времен пасош ја донел Апелациониот суд.

Јахоски, заедно со сопствениците на компанијата „РКМ“, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, како и избеганиот поранешен директор на државната ЕСМ Васко Ковачевски, е осомничен за злоупотреби со набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ вредни над 160 милиони евра во време на енергетската криза.

Тешко ќе се докаже „екоцид“ во аферата со мазутот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот