Асмир Јахоски/Фото: Фејсбук

Јахоски останува во притвор, Кривичниот суд ја одби понудата за гаранција

Кривичниот суд соопшти дека понудата на сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, да биде пуштен од притвор со парична гаранција, се одбива. Јахоски е осомничен за перење пари во случајот со злоупотребите при набавки на мазут и нафтени деривати, а тој денеска понуди еден милион евра како гаранција дека нема да побегне додека е на слобода и го чека судењето.

„Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на А.Ј., осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен преку неговиот бранител, за замена на мерката притвор со гаранција, по одржана седница и извршен увид во целокупните списи на предметот, донесе решение со кое предлогот на осомничениот СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАН“, велат од Судот, дополнувајќи дека и натаму постојат околностите

„Судот, ценејќи ги сите околности поврзани со истрагата, и покрај даденото позитивно мислење на Јавниот обвинител, смета дека во овој момент сè уште постојат околностите за постоење на определената мерка притвор од точка 2 од чл. 165 ст.1 од ЗКП односно околности кои укажуваат дека може да ја попречи истрагата со влијание на сведоците како и дека може да сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело, од причина што истражната постапка сè уште е во тек и сè уште се преземаат други истражни дејствија за прибирање докази. Ова дотолку повеќе што Кривичниот совет го продолжил притворот на осомничениот по доставен предлог на ОЈО ГОКК од 08.04.2025 година токму поради постоење на причините предвидени во чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 3 дена од приемот“, велат од Кривичниот суд.

Тешко ќе се докаже „екоцид“ во аферата со мазутот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот