Нови победи за Ставре Јада и Ана Цветановска/фото: mkdski.com.mk

Јада и Цветановска триумфираа на ФИС „Ролерски Куп 2022“ во Пониква

Последните две трки од ФИС Ролерски Куп 2022 кои се одржаа во Пониква, поминаa во супер спортски амбиент и триумфи на македонските натпреварувачи.

Скијачката федерација на Македонија им упатува искрени честитки до сите учесници, а особено до Ставре Јада кој со освоени 51,32 ФИС поени се најде на првото место.

Исто така голем успех оствари и Ана Цветановска која со 104,82 ФИС поени запиша уште една победа во својата кариера.

– Воедно, пофалба до клубот Скии Рис за извонредната организација, како и голема благодарност до градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, за присуството и несебичната поддршка на настанот – информираат од федерацијата.

Во август Цветановска и Јада имаа најдобри ФИС поени во историјата на нашето нордиско и ролер скијање во машка и женска категорија. На трките во Пелистер Јада триумфираше двапати и освои 51,32 ФИС поени, додека Цветановска победи на трката во Крушево со запишани 85,45 ФИС поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот