
Ја прослави групата „Магазин“, па во екот на кариерата ја напушти: Лилјана Николовска остави сѐ што стекна поради овој човек
Групата „Магазин“ е основана во 1979 година, а до денес смени неколку пејачи. Групата „Магазин“ прво се викаше „Млади батали“, потоа „Далматински магазин“, а од 1981 година остана само „Магазин“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Групата својата најголема популарност ја стекна со Лилјана Николовска, која му се приклучи на бендот во 1983 година, кога имаше само 19 години.
Со Лилјана снимија вкупно седум албуми, а песните што ги напишаа се појавуваат во бројни компилации.
Напуштање на бендот и преселба во Калифорнија
Меѓутоа, некогаш популарната пејачка реши да ја напушти својата земја Хрватска и бендот во 1990 година и замина да живее во калифорнискиот град Сан Педро во САД.
Она што ѝ се допадна во Америка, како што истакна, е прогресивната политика, но и работата во музичкото студио на кое максимално се посветила. Таа беше политички активна како волонтер во кампањите на Берни Сандес, еден од кандидатите на Демократската партија на прелиминарни избори за претседател на САД во 2016 година.
„Се разбира, Калифорнија не само што е одлична, туку она што ми е важно е дека е прогресивна и тоа е она што ме врзува за неа. Ме врзува и семејството, музиката, заедницата, огромната непробојна топка од идеи, креации, оптимизам, идеали, соработка и активизам што овде никогаш не спие“, изјави Љиљана за „Портал Новости“, пренесува. за животот во Америка, а потоа се осврна на случувањата, во Југославија:
„Ме боли што гледам што се случува во моите земји, бидејќи сите тие се мои земји, без разлика дали тоа некому му се допаѓа или не. Сите земји создадени пред распадот на СФРЈ се наши. Американците знаат да ме прашаат како некој е „наш“ ако е од Травник или од Скопје. Е како да не биде?“, изјави таа.
Љубовта на Лилјана Николовска и Јадран Лазиќ
Како што пишуваа медиумите, таа ја напуштила групата и родната Хрватска пред сè поради љубов, кога светски познатиот папарацо Јадран Лазиќ го освои нејзиното срце. Јадран соработувал со бројни светски ѕвезди, а како што се вели вљубена во него била и славната Џоди Фостер.
Кога го запознала Јадран, пејачката поради оваа љубов се откажала од славата. Таа се пресели од Југославија и ја остави кариерата во подем.
„Тоа е. Таа отиде со мене. Што ќе правиш … Поинаку не можеме да бидеме заедно“, изјаил Јадран.
Сепак, парот не издржал, па во одреден момент раскинаале, што потврди и Лазиќ. По раскинувањето, тие изгубиле контакт, а Лилјана продолжила да живее во Лос Анџелес.
По соработката со „Магазин“ таа не се откажала од музиката, па во 1996 година го сними својот деби албум „Flight“. Таа во овие песни го опишала периодот кога заминала во Америка.
Критикувајќи го Тончи Хуљиќ
Годините кога беше дел од групата „Магазин“ ги памети како убав период од нејзиниот живот, а нивната соработка како убаво искуство. Сепак, таа постојано го критикуваше основачот на групата Тончи Хуљиќ.
„Хуља го има таканаречениот пејачки комплекс. Се лути кога пејачката неправедно му го краде центарот на вниманието бидејќи според него музичарите и вокалистите немаат апсолутно никаква креативна улога. Да не беше тој немаше да има музика. Повеќе од две третини од неговите хитови немаше да бидат успешни да не беа жешки девојки кои си ја знаат работата и го промовираат“, саркастично напиша Николовска во 2017 година на социјалните мрежи.
Инаку фановите на „Магазин“ ја паметат Лилјана Николовска по песните „Тамара“, „Коколо“, „Пиши ми“, „Ти жеља мог живота“, „Три сам ти зиме шаптала име“ и многу други хитови кои сè уште се пјат и денес.
Откако Лилјана го напушти бендот, на нејзиното место во 1990 година дојде Данијела Мартиновиќ.