лиза кудроу

ЈА ОБОЖАВАВМЕ ФИБИ, но актерката поради тоа добила сериозно здравствено нарушување

„Пријатели“ беше успешна серија која и денес е омилена на многумина и ја гледаат повторно и повторно.

Но, тоа сигурно не го прави Лиза Кудроу, која ја глумеше Фиби и која отворено признава дека се разболела токму додека снимала.

Во реалниот живот Лиза имала многу мала самодоверба, за разлика од ликот кој го глуми. Таа секогаш страдала кога се гледала себе на телевизија или во списанија. Прво мислела дека е „огромна“ во споредба со Џенифер Анистон и Кортни Кокс, па тоа уште толку ја разнишало нејзината самодоверба.

Всушност, актерката се мразела себе и сакала на секој начин да се вклопи во холивудските стандарди. Почнала нагло да слабее, што ѝ донело проблеми со тонусот на мускулите, но и други здравствени нарушувања.

Затоа и одлучила веќе никогаш да не се гледа себе во таа серија, затоа што ризикот бил преголем. Дури 15 години по завршувањето на серијата Лиза сфатила дека треба да се сака себе и своето тело и ги надминала проблемите кои тогаш си ги создала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот