Фото: UEFA

Извлечена ждрепката за Лигата на шампионите: Ќе гледаме спектакли и големи натпревари

Денешната ждрепка за Лигата на шампионите донесе вистински фудбалски спектакли. Најтешкиот предизвик го доби Баерн Минхен, кој ќе мора да се соочи и со актуелниот европски владетел ПСЖ, но и со светскиот првак Челси. „Баварците“ со лондонскиот состав ќе играат на „Алијанц арена“, а во Париз ќе им гостуваат на Французите.

Ждрепката донесе и други дерби средби како Реал Мадрид ќе се соочи со Манчестер Сити, а љубителите на фудбалот повторно ќе го гледаат класикот Ливерпул – Реал Мадрид. Челси, покрај дуелот со Баерн, ќе ги одмери силите и со Барселона, додека ПСЖ исто така ќе игра против каталонскиот гигант.

Интересен детал е и тоа што, доколку Елиф Елмас повторно се врати во дресот на Наполи, македонскиот репрезентативец ќе има можност да заигра против Челси и Манчестер Сити.

РАСПОРЕДОТ НА СИТЕ НАТПРЕВАРИ:

ПСЖ: Баерн Минхен, Барселона, Аталанта, Баер Леверкузен, Тотенхем, Спортинг, Њукасл, Атлетик Билбао

Реал Мадрид: Манчестер Сити, Ливерпул, Јувентус, Бенфика, Олимпијакос, Кајрат, Монако, Марсеј

Манчестер Сити: Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, Леверкузен, Виљареал, Наполи, Бодо/Глимт, Галатасарај, Монако

Баерн Минхен: Челси, ПСЖ, Клуб Бриж, Арсенал, Спортинг, ПСВ, Унион СЖ, Пафос

Ливерпул: Реал Мадрид, Интер, Атлетико Мадрид, Галатасарај, Ајнтрахт Франкфурт, Карабах, ПСВ, Марсеј

Интер: Ливерпул, Борусија Дортмунд, Арсенал, Атлетико Мадрид, Славија Прага, Ајакс, Кајрат, Унион СЖ

Челси: Баерн Минхен, Барселона, Бенфика, Аталанта, Ајакс, Наполи, Пафос, Карабах

Борусија Дортмунд: Интер, Манчестер Сити, Виљареал, Јувентус, Бодо/Глимт, Тотенхем, Атлетик Билбао, Копенхаген

Барселона: Челси, ПСЖ, Ајнтрахт Франкфурт, Клуб Бриж, Олимпијакос, Славија Прага, Копенхаген, Њукасл

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот