Фото: EPA-EFE/REFIK TEKIN

ВИДЕО: Сопственик на луксузен комплекс урнат во Турција сакал да бега во Црна Гора, го уапсија на аеродром

Турската полиција уапси сопственик на компанија кој се обидел да побегне од земјата откако луксузниот станбен комплекс за 1.000 луѓе што го изградила фирмата, се урнал во катастрофалниот земјотрес во Турција, јавија државните медиуми.

„Ronesans Residence“, блок луксузни апартмани во градот Антакија, го изградила компанијата на Мехмет Јашар Чошкун. Полицијата го уапсила газдата на аеродромот во Истанбул додека се обидувал да побегне во Црна Гора, пренесе „Анадолија“.

Неговиот станбен комплекс имал 12 ката и вкупно 250 станови. Комплексот се рекламирал како збир од луксузни станови, изграден со почитување на сите прописи за градба. Сепак, тој беше целосно разурнат од земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди градот Газиантеп во понеделникот наутро, по што набрзо следеше земјотрес со јачина од 7,5 степени во провинцијата Караманмараш.

Вчера турскиот министер за правда објави дека е покрената судска истрага за зградите кои се урнаа за време на земјотресот. Истражителите ќе се обидат да ги идентификуваат одговорните кои ги изградиле зградите или ќе сносат каква било одговорност за нивното уривање во 10-те најтешко погодени провинции.

Ќе бидат идентификувани и ќе одговараат пред судството, зошто направиле грешки и кои се одговорни за последиците по земјотресот, изјави министерот за правда Бекир Боздаг, пишува Middle East Eye.

Во 2013 година Турција воведе строги градежни прописи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот