Израел, тенк, фото: ЕПА

Израелците нападнаа цели на Хезболах во североисточен Либан

Израелските воздухопловни сили синоќа нападнаа цели во планинското подрачје во североисточен Либан, во близина на границата со Сирија.

Сè уште нема информации за евентуални жртви.

Според телевизијата на Хезболах израелскиот напад бил околу полноќ и оти се погодени две брда над населбата Бритал.

Хезболах соопшти и дека истрелала десетина ракети „Качуша“ врз неколку израелски позиции, вклучително и Голанската Висорамнина, окупирана и анектирана од Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот