Фото: Pexel

Израелците имаат забрана за влез на Малдивите

Министерот за внатрешна безбедност и технологија на Малдивите, Али Ихусан соопштии дека им забраниле на израелските државјани да влезат во јужноазиската земја, јави индискиот медиум Вион.

Ихусан рече дека претседателот Мохамед Муизу донел одлука на состанокот на владата да им забрани на луѓето со израелски пасоши да влезат во земјата.

Овој потег следуваше откако Муизу ангажираше специјален пратеник за да ги слушне палестинските барања од Малдивите за војната во Газа.

Министерството за надворешни работи на Израел денеска ги советуваше израелските граѓани да не патуваат на Малдиви, откако владата на земјата забрани влез за лица со израелски пасоши.

Израелското министерство соопшти дека препораката вклучува и Израелци со двојно државјанство.

Министерството нагласи дека најдобро е израелските граѓани кои веќе се на Малдивите да размислуваат да ја напуштат земјата, бидејќи, како што се наведува, доколку се најдат во неволја, Израел тешко дека ќе може да им помогне во тој случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот