
Израел тврди дека знае каде е складиран иранскиот ураниум
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека земјата има информации за тоа каде Иран складира околу 400 килограми ураниум збогатен до 60 отсто, што е близу до нивото потребно за нуклеарно оружје, јави Јерусалим Пост
Препорачано
– Сосема добро знаеме каде се наоѓа. Имаме прилично јасна претстава за неговата локација, изјави Нетанјаху, додавајќи дека информацијата е споделена со САД.
Според извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), на почетокот на летото Иран поседувал над 400 килограми ураниум збогатен до 60 отсто. За нуклеарно оружје потребно е збогатување над 90 отсто.
Не е јасно колку од тој материјал е сочуван по израелските и американските напади во јуни. Иран негира дека има намера да развива нуклеарно оружје.
Нетанјаху не одговори директно на прашањето дали Израел планира да го конфискува ураниумот, но нагласи дека е потребно дипломатски и економски притисок врз Иран за да се спречат неговите амбиции.
По речиси една деценија од историскиот нуклеарен договор со Иран, санкциите на ООН повторно стапија во сила во неделата, по истекот на рокот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7сек
-
18сек
-
3мин
-
5мин
-
7мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5