Израелски напади врз Либан Фото: Танјуг/АП Фото/Хусеин Мала

Израел го предупреди Либан за напади врз позициите на Хезболах, наложена е евакуација

Израелските одбранбени сили денес издадоа предупредување до жителите на неколку градови во јужен Либан пред воздушните напади врз инфраструктурата на Хезболах.

„Во блиска иднина, израелските одбранбени сили ќе нападнат воена инфраструктура што ѝ припаѓа на терористичката организација Хезболах низ целиот јужен Либан, како одговор на нивните нелегални обиди да ги продолжат своите активности во областа“, предупреди портпаролот на израелските одбранбени сили, Авичај Адреи, на арапски јазик, според „Тајмс оф Израел“.

Израелската војска објави мапи на кои се прикажани локациите на објектите и зградите што ќе бидат цел на нападите во градовите Мајс ел-Џабал, Кфар Тебнит и Дибин.

„За ваша безбедност, треба веднаш да ги евакуирате овие згради и соседните згради и да се оддалечите најмалку 500 метри од нив“, рече Адреи.

Израелската војска започна бран воздушни напади врз цели на Хезболах во јужен Либан, околу еден час откако издаде предупредување до жителите на неколку градови во областа и повика на евакуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот