
Израел го бомбардираше упориштето на Хезбоолах во Бејрут
Израел бомбардираше дел од Бејрут, главниот град на Либан, каде што се наоѓа главното упориште на Хезболах.
Препорачано
Нападот на Бејрут е прв откако со прекинот на огнот заврши конфликтот меѓу Израел и милитантната организација во ноември.
Асошиетед прес јавува дека силни експлозии се слушнале во Бејрут во дел од градот што израелската војска претходно го најави како мета.
Израелската армија утринава ги предупреди луѓето да евакуираат делови од предградијата на Бејрут, бидејќи вети дека ќе возврати на нападите започнати од Либан кон северен Израел.
Либанската влада нареди затворање на сите училишта и универзитети во јужното предградие Хадат во Бејрут.
Во некои делови на јужните предградија се слушаа пукотници кои ги предупредуваа луѓето да ги напуштат своите домови, а многу жители бегаат од областа.
Денешниот напад е прв откако стапи на сила прекинот на огнот меѓу Израел и милитантната група Хезболах на 27 ноември 2024 година, иако Израел оттогаш речиси секојдневно го бомбардира јужен Либан.
Израелската војска ги предупреди луѓето во објава на платформата на социјалните мрежи Х да ги евакуираат зградите во јужните предградија на Бејрут, каде што е седиштето на Хезболах.
„Се наоѓате во близина на објекти поврзани со Хезболах“, се вели во објавата, покрај мапата со згради означени со црвено.
Хезболах негираше дека истрелал ракети врз северен Израел и ја обвини владата на Нетанјаху дека бара изговор да продолжи со нападите врз Либан.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави денеска дека ако нема мир во северниот дел на Израел, нема да има мир вниту во Бејрут.