Маневри на Хезболах во Арамта во јужен Либан - Фотографија ЕПА, Ваел Хамзех

Израел е подготвен да го поддржи Либан во разоружувањето на Хезболах

Израел е подготвен да го поддржи Либан во разоружувањето на Хезболах, соопшти денес канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Порано овој месец, либанскиот кабинет ги одобри целите на американскиот план за разоружување на групата Хезболах поврзана со Иран, објави Ројтерс.

Американскиот пратеник за Сирија, Том Барак, вчера пристигна во Израел, каде што се сретна со Нетанјаху во врска со барањето на администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, Израел да ги ограничи нападите врз Либан, како и во врска со преговорите со Сирија, соопшти американскиот новинар на „Аксиос“, Барак Равид, повикувајќи се на израелски извори.

Како што е наведено, Барак разговарал и со израелскиот министер за стратешки прашања Рон Дермер, министерот за надворешни работи Гидеон Саар и министерот за одбрана Израел Кац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот