Нишиока Фото: EPA/SARAH YENESEL

Изненадување во Шангај: Нишиока го елиминира Рубљов

Јапонецот Јошихито Нишиока приреди големо изненадување на Мастерсот во Шангај, елиминирајќи го Андреј Рубљов со 2-6, 6-1, 6-4 во втората рунда.

Со оваа победа, Нишиока стана можен ривал на Новак Ѓоковиќ во осминафиналето, под услов Српскиот ас најпрво да го совлада Германецот Јаник Ханфман.

Раното испаѓање на Рубљов, кој важеше за фаворит во овој дел од ждрепката, ја отвора вратата за полесен пат на Ѓоковиќ кон завршницата на турнирот.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот