Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Изненадувачки потег на несудениот романски претседател Џорџеску
Несудениот романски претседател, екстремниот десничар Калин Џорџеску, објави дека се повлекува од политиката, изненадувајќи многумина на политичката сцена во државата, која помина низ многу турбуленции во изминатите шест месеци. Џорџеску вели дека не планира да се приклучи на ниедна политичка партија или движење, освен во случај на кршење на правата на оние кои размислуваат поинаку, пренесува „Политико“.
Препорачано
„Сепак, ако видам дека се кршат правата на оние кои избрале поинаку, повторно ќе се приклучам со јасен глас во одбраната на принципите на демократијата и слободата“, рече Џорџеску, кој е противник на НАТО и Европската унија, а му се припишува и блискост со Русија.
Тој победи во првиот круг од претседателските избори во Романија во ноември 2024 година, но изборите потоа беа поништени со образложение дека Москва се мешала во негова корист. На Џорџеску му беше забрането да се кандидира на повторените избори овој месец и се соочува со кривични обвиненија поврзани со сомнение за промовирање фашистички идеологии.
На повторените избори на почетокот на мај, умерениот кандидат Никушор Дан го победи крајнодесничарскиот кандидат Георге Симион, победувајќи со над 53 проценти од гласовите и стана претседател.
Романија: Џорџеску не може пак да се кандидира за претседател, одлучи Уставниот суд
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
11мин
-
16мин
-
24мин
-
33мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5