Антонио Милошоски / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

Измените на Законот за јавни набавки ќе се носат во редовна, а не во скратена постапка

Денес во Собранието, група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ остварија средба со делегација на ДКСК предводена од претседателката Татјана Димитровска. На состанокот, како што вели Антонио Милошоски – пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, се договриле измените на Законот за јавни набавки да оди по редовна, место по скратена постапка.

– Тема на состанокот беа предложените измени во Законот за јавните набавки, за што во конструктивна атмосфера беа разменети мислења за потребните реформи во делот на зајакнувањето на системот на управување со јавните набавки. На состанокот беше усогласен заеднички став и тоа подносителите на измените на Законот истиот наместо во скратена да го поднесат во редовна постапка, а од своја страна ДКСК во меѓувреме да изготви анализа и мислење во врска со Законот за јавните набавки и да го достави до пратениците. После состанокот, групата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе измените на Законот за јавните набавки во редовна постапка, при што се очекува утврдувањето на потребата за носење на овој закон да се најде на дневен ред следната недела, на седницата закажана на 18-ти декември – вели Милошоски.

Професионална или партиска Комисија за жалби по јавни набавки – што ќе добиеме со измените на Законот?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!