Фото: Принтскрин/Инстаграм

Измамникот кој се претставуваше како Бред Пит, сега го користи идентитетот на Кијану Ривс и ги мами жените

Измамникот од Нигерија кој претходно ја измами Французинката Ана за 800.000 евра преправајќи се дека е актерот Бред Пит, сега се претставува како холивудскиот актер Кијану Ривс.

Измамникот користел лажни фотографии генерирани од вештачка интелигенција и романтични пораки за да ја добие довербата на своите жртви, меѓу кои била и 53-годишната Ана, дизајнерка на ентериер од Франција, пишува британски „Сан“.

Ана му испратила големи суми пари на измамникот, верувајќи дека тој го финансира лекувањето на ракот на Пит.

Тој користел слики од холивудската ѕвезда во болнички кревет, како и лажни лекари кои ја информирале Ана за наводните критични здравствени проблеми.

Измамникот ѝ се претставил на Ана на Инстаграм во февруари 2023 година, испраќајќи ѝ порака во која тврди дека е мајка на Пит и дека нејзиниот син има потреба од „некој како Ана“.

Подоцна, тој почнал да и испраќа романтични пораки и ветувања за луксузни подароци.

Ана решила да се разведе, а после тоа почнала да испраќа големи суми пари за лекување. Измамникот тврдел дека не можел да ги користи своите сметки поради разводот со актерката Анџелина Џоли.

Кога Ана сфатила дека е измамена, тој продолжил со манипулациите, тврдејќи дека Пит бил во тајна врска со „специјална личност“ и се обидел да изнуди повеќе пари од неа, овој пат претставувајќи се како агент на ФБИ.

Иако случајот е пријавен и истрагата е во тек, организацијата „Find My Scammer“ откри дека истиот измамник сè уште користи лажни идентитети за да продолжи со своите измами, сега претставувајќи се како Кијану Ривс.

„Животот ѝ е пекол“: Жената што беше измамена од лажен Бред Пит е „немилосрдно малтретирана“ на Интернет

Баба и дедо со скршени срца: Родителите на Бред Пит не ги виделе своите внуци осум години

Французинка стана жртва на измама: Му испратила 830.000 евра на лажен Бред Пит, ѝ барал пари за лекување рак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот