Полиција / Фото: МВР

Измамник од Кочани искористил лични податоци за аплицирање за брзи кредити

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(26) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци” и „измама”.

Пријавениот, во периодот од 03.03.2020 до 02.04.2020 година, откако претходно ги набавил личните податоци и податоците за трансакциска сметка на В.С. од село во кочанско, без негова согласност ги искористил во седум наврати за да аплицира за брзи кредити во различни финансиски друштва. Потоа, го довел во заблуда оштетениот дека треба да оствари прилив на парични средства од неговиот татко, кој е на привремена работа во Италија, и заради блокирана сметка побарал парите да бидат исплатени на негова сметка и го навел да му ја даде дебитната картичка од каде подигнал 125.453 денари.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот