Дело од изложбата „Бекет е со нас“

Изложбата „Бекет е со нас“ нуди дела што провоцираат и вознемируваат

Изложбата „Бекет е со нас“ на уметниците Вана Урошевиќ – Зоран Тодовиќ, Марија Ќалиќ и Никола Шуица е поставена во Музејот на современата уметност во Скопје, а отворањето ќе се одржи на 18 јули, во 20 часот.

Оставината на Семјуел Бекет (1906 – 1989) претставува длабоко нурнување во суштината на човековото постоење. Неговите зборови и описи го издигнуваат секојдневието од баналноста, откривајќи му ги длабочините на времето и просторот. Неговите записи, романи и драми одекнуваат низ искуствата што ги формираа современата визуелна уметност. Во тие слоевити дела се испреплетуваат алузии и митови, пренесувајќи ја згуснатата атмосфера на немир, восхит, осаменост и моќта на сеќавањето.

Бекетовото присуство на културната мапа на Балканот започнува рано – со илегалната белградска изведба на драмата „Чекајќи го Годо“ во 1955 година, како одговор на геополитичките промени. Преку неговите зборови го согледуваме светот и неговите граници на издржливост: „Да се даде израз на тоа дека нема ништо за изразување, како и дека нема ништо со што тоа би се изразило, дури и ништо од што би се тргнало кон изразувањето, при што не постои ни моќ ни желба за изразување, а сепак останува обврската – да биде изразено.“

Во нестабилниот 21-ви век, неговата трагикомична визија добива ново значење. Денешната реалност, исполнета со мрачни тајни, неуротични информации и апсурдни инциденти, сè повеќе ја потврдува Бекетовата немоќ како универзален глас на современото општество.

Изложбата „Бекет е со нас“ нуди дела што провоцираат и вознемируваат. Уметниците ги преобликуваат предметите и амбиентите во сложени визуелни структури, создавајќи текстури што ги одразуваат внатрешните тензии на денешното време. Овие визуелни наративи не само што ја продолжуваат Бекетовата мисла, туку ја претвораат во телесно и сензорно искуство за гледачот, стои во информацијата за изложбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот