Изложба во МКЦ: Арт-колажи на Бурџу Мусли

Младата визуелна уметница Бурџу Мусли (1997, Скопје) самостојно се претстави со 20-ина дигитални надреалистички колажи со наслов „Чистилиште“ (Purgatory).

Самиот наслов ја открива целта на изложбата, односно авторката со арт-колажите сака да ги ослободи гостите во нејзиниот внатрешен свет од сивилото на зафатениот и преокупиран живот. По оваа изложба авторката очекува да се „исчистат“ сите негативни размислувања и притисоци од различни аспекти на животот, да се почувствува слободата и да се отвори можност за повторно раѓање на мотивација за понатамошна работа.

Мусли е апсолвент на Факултетот за ликовни уметности (сликарски оддел), учествувала на неколку групни изложби, на една меѓународна изложба за млади уметници во Њујорк, а веќе имала и една самостојна изложба, исто така, со арт-колажи.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 47, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 5-6 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот