Фото: Општина Гази Баба

Изградени патеки во Железара, поплочена улица во Ченто

За подобрување на пристапноста и за безбедно движење за пешаците, особено за постарите лица и лицата со попреченост, Општина Гази Баба изгради нови пристапни патеки во населбата Железара. Оттаму велат дека патеките се изведени со висококвалитетни павер елементи, што обезбедуваат трајност, стабилност и модерен изглед.

Инфраструктурни активности се изведуваат и во Ченто.

Во населба Ченто беше целосно уредена и поплочена една од локалните улици со павер елементи. Со овој зафат се овозможува побезбедно движење, како и подобра инфраструктурна поврзаност за жителите од овој дел на општината – информира градоначалникот Бобан Стефковски.

Тој додава дека Општина Гази Баба ќе продолжи со реализација на нови проекти во сите населени места за подобрување на урбаната средина, како и за подигнување на стандардот на живеење преку уредени и функционални јавни простори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот