
Изгоре архивата на судот во Куманово
Синоќа изгоре архивата на судот во Куманово откако пожар избил во подрумските простории. Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) соопштија дека пожарот избувнал по 1 часот по полноќ.
Препорачано
– ТППЕ Куманово бележи интервенција во текот на ноќта на опожарени простории на зградата на Основен Суд Куманово во 1.35 часот. Опожарен е подрумскиот дел на зградата каде се наоѓа архивата на судот. Единицата во текот на ноќта делуваше со два камиони и седум пожарникари. Пожарот е локализиран, екипата е уште е на терен – соопшти РЦУК.
Вработените во судот и другите институции денеска не работат во објектот на судот затоа што нема услови за работа.
– Пожарот е локализиран, но има уште една екипа која проверува – велат од кумановската Противпожарна единица.
Претседателката на судот Снежана Манев вели дека противпожарните екипи сè уште се на терен.
– Според првичните информации зафатена е една просторија каде има стари, завршени предмети. Ќе почекаме да завршат екипите на Противпожарна единица и после увидот на полицијата ќе кажат од што настанал пожарот. Ќе информираме за причините, судот денеска нема да работи. Електричната енергија е исклучена – изјави претседателката Манев за МИА.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
45мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5