Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Изгласан Законот за забрана на нефер трговски практики, резултатите ќе ги почувствуваме наесен

Собранието денеска на седница го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики предложен од Министерството за економија, со кој се очекува да се намалат цените во маркетите преку регулирање на синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи.

Според дел од експертите, невозможни се брзи резултати од овој закон. Тие за „Слободен печат“ велат дека  на граѓаните не треба да им се ветува дека  преку ноќ ќе се спасат од нелогичните поскапувања на храната. Законот не се донесува директно за потрошувачите, туку го уредува бизнис-синџирот – земјоделци – доверители – трговци, а потрошувачите се само во споредна улога.

– Првите ефекти нема да бидат поскоро од крајот на годината. Целата постапка е задоцнета и има дупки за пополнување. Затоа и инсистиравме да останат мерките за замрзнување на цените на храната, барем додека Законот не го види светлото на денот – велат од Организацијата на потрошувачи.

Кога нема чувар во трговската џунгла, цените ќе дивеат!

Претходно, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи изјави дека овој закон е системско решение според ЕУ директиви.

– Секако, законот е системско решение, решение коешто сме го немале и го немале никаде во Европа, е ново решение според ЕУ-директивите и мислам дека конечно ќе значи правиот пат којшто сите го бараме, а тоа е патот кон европската интеграција. Ваквите решенија укажуваат што е доброто на нашето интегрирање во ЕУ, рече Битиќи на новинарско прашање.

Битиќи: Законот за забрана на нефер трговски практики е системско решение според ЕУ директиви

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот