Слободен печат - лого
Слободен печат - лого/Фото: Методи Здравев

Избор на најдобар портал во регионот: Телеграм.хр прв, „Слободен печат“ на 10 место

Заврши седмиот Медиа Дејли избор за најдобар регионален портал за вести во 2024 година, а единствен учесник од Македонија во годинешниот избор беше токму „Слободен печат“.

Во тешка конкуренција, збирот на поени на жирито одлучи најдобар регионален портал за 2024 година да биде Телеграм.хр. Рангирањето е според вкупниот број на бодови 28 од жирито и 12 од читателите во анкетата. Гласањето беше отворено од 1.11. до 30.11, а вкупно гласаа 13.812 гласачи.

„Слободен печат“ заврши на четврто место по бројот на гласови на читателите, а на десетто место по вкупниот број на гласови на читатели и стручното жири.

Фото: Принтскрин

Членовите на жирито го опишаа овогодинешниот победник како портал со точни наслови, точни и информативни текстови придружени со соодветна опрема со јасна и приспособена и визуелно привлечна содржина. Брзината на порталот е многу добра, има интересни приказни и анализи, одлична фотографија, а почитувањето на новинарските кодекси во целост се почитува.

Важно е да се напомене дека при бодување на жирито, во случај на ист број поени, приоритет на листата имал порталот кој добил повеќе гласови од претседателот на жирито.
Да потсетиме кои се сите претходни победници:
2018 – 24ur.com – Словенија
2019 – 24ur.com – Словенија
2020 – 24ur.com – Словенија
Во 2021 година – Nova.rs – Србија
Во 2022 година – Danas.rs – Србија
2023 – Balkans.aljazeera.net – Босна и Херцеговина
2024 – Telegram.hr – Хрватска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!