фото: РК Еурофарм Пелистер

Ивиќ за искуството во Битола: Ова е најдобрата атмосфера во која сум играл

Во поразот на ракометарите на Еурофарм Пелистер од 26:35 од Пари Сен Жермен во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, еден од најдобрите играчи на домашниот тим беше Филип Ивиќ.

Искусниот хрватски голман покажа врвен квалитет и потсети на најубавите денови од својата богата кариера, покажувајќи дека покрај Никола Митревски ќе биде сериозен адут во одбраната на титулата во македонската Суперлига.

Голманот Ивиќ им се заблагодари на навивачите за поддршката и истакна дека ова е најдобрата атмосфера во која играл.

– Сакам да му честитам на ПСЖ за борбеноста, за мене тие се еден од најдобрите тимови во Европа, што го покажаа на овој натпревар. Преку Лигата на шампионите го покажавме нашиот квалитет и дека можеме да се носиме со врвни тимови. Благодарам Битола за атмосферата, ова е најдобрата атмосфера во која сум играл. Следната година ќе се обидеме да освоиме што повеќе бодови и да се пласираме во следната фаза од Лигата на шампионите. Сега нашиот фокус е на лигата и Купот, се надевам дека ќе ја вратиме титулата во Битола – изјави Ивиќ.

Еурофарм Пелистер оваа сезона во ЛШ ја заврши со три победи, две нерешени и девет порази во 14 одиграни натпревари.

Раул Алонсо: Горд сум на Битола и на моите играчи за европската сезона

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот