фото: mtftennis.mk

Ивановски со победа ги стартуваше квалификациите на Челинџерот во јапонскиот Кобе

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски (четврти носител во квалификациите) со победа го почна настапот на Челинџер 75 турнирот во јапонскиот град Кобе што се игра за награден фонд од 80.000 долари.

Ивановски во првото квалификациско коло со 2:1 во сетови 6:7 (3), 6:2, 6:2 го победи домашниот тенисер Риуки Мацуда (23 години, 570 место) кој во квалификациите играше со вајлд карта. За влез на главниот турнир Ивановски во понеделник во 02.30 часот по полноќ ќе игра против уште еден домашен тенисер Џејмс Кент Тротер, кој забележа победа од 6:4 и 7:5 против Колин Синклер.

Во мечот со Мацуда Ивановски стартуваше со загубен гем на свој сервис, но потоа во шестиот гем успеа да направи брејк и да израмни на 3:3. Во 10 гем Ивановски не реализираше три сет топки, па така сетот се решаваше во тај брејк, кој го освои Мацуда откако поведе со 4:1 со два „мини брејка“.

Во вториот сет на почетокот имаше по два брејка за секој од тенисерите, а Ивановски поведе со 4:2 и сетот го заврши со уште еден брејк за 6:2. Во решавачкиот сет Македонецот ја потврди фаворитската улога и поведе со 3:0 и 5:1 во гемови за сетот да го заврши со 6:2.

Ивановски имаше 14 ас сервиси во мечот, а и двојно повеќе „брејкови“ осум наспроти четири на ривалот. Притоа македонскиот тенисер имаше и подобар процент на ретрн од противникот: на прв сервис (41% наспроти 28%) и на втор сервис (62% наспроти 38). Учинокот на освоени поени беше 105:79 за Ивановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот