фото: instagram.com/kalin_ivanovskii

Ивановски најдобар во двојки: Македонецот атакува на две титули во Куршумлиска Бања

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со успесите на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија.

Ивановски денеска во финалето во двојки заедно со Украинецот Олександр Овчаренко со резултат 2:1 (3:6, 7:6, 10:5) триумфираа над Андреј Чепелев (Русија) и Микалаи Халиак (Белорусија).

Нашиот натпреварувач има шанса викендов да се закити со две титули, в недела го очекува и финале во сингл конкуренцијата.

Ивановски за титулата ќе игра против седмиот носител на турнирот, Клемен Табур од Франција.

Табур во полуфиналната фаза го елиминираше Италијанецот Самуел Винсент Ругери со 7:6 и 6:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот