фото: mtftennis.mk

Ивановски го предаде мечот во првото коло на Челинџерот во Кобе

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски по успешните квалификации, го заврши настапот на стартот од Челинџер 75 турнирот во Кобе, Јапонија.

При водство на противникот од Кина, Јан Баи, од 6:1 во првиот и 4:0 во вториот сет, Ивановски го предаде мечот поради здравствени проблеми (стомачен вирус).

Следен противник на Баи во осминафиналето ќе биде вториот носител на турнирот, Јапонецот Шинтаро Мочизуки.

Ивановски во двете квалификациски кола оствари победи над јапонските тенисери.

Во првото коло беше подобар од Риуки Мацуда со 2:1 во сетови 6:7 (2), 6:2 и 6:2, додека во квалификациското финале го совлада Џејмс Тротер исто со 2:1 во сетови 5:7, 7:6 (5), 6:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот