
Италијанскиот остров Пантелерија ќе го преименува аеродромот во чест на Џорџо Армани
Малиот италијански остров Пантелерија планира да го преименува својот аеродром во чест на покојната модна икона Џорџо Армани. Познат по својот префинет минимализам и безвременска елеганција, Армани често ги поминувал летата на својот имот на островот, пишува „Фешн нетворк“.
Препорачано
Армани, кој почина претходно овој месец на 91-годишна возраст, поседуваше голем имот на островот, кој се наоѓа помеѓу Сицилија и Тунис во Медитеранот. Тој го користеше како одмор со семејството и пријателите за време на неговите ретки паузи од работа во август. Неговиот дом се состоеше од седум „дамуси“ – традиционални рурални згради направени од бел лава камен со куполни покриви – опкружени со повеќе од 150 палми.
Италијанската служба за цивилно воздухопловство ENAC во среда соопшти дека го поддржува предлогот, кој го иницираше локалниот совет, а доби и поддршка од министерот за транспорт Матео Салвини.
Претседателот на ENAC, Пјерлуиџи ди Палма, изјави дека преименувањето е во согласност со плановите на организацијата за подобрување на аеродромот и зголемување на туризмот во Пантелерија, до кој може да се стигне преку летови од Рим или од сицилијанските аеродроми, вклучувајќи го и Палермо.
Животната приказна на Џорџо Армани: Човекот кој едноставноста ја претвори во елеганција
Кој ќе го наследи богатството на Армани од 12 милијарди долари?