лазања
Фото: PureWow / Liz Andrew/Erin Mcdowell

Италијански деликатес: Рецепт за мини лазањи во поинаква форма

Класичната лазања е навистина тешко да се победи кога е во прашање вкусот. Сепак, зошто да се ограничувате со формата? Поради опојниот мирис кој се шири низ кујната кога ќе ги извадите од рерната обично никој нема трпение да почека убаво да се оладат за да може да се исече како што треба.

Но, ние имаме решение кое го задржува автентичниот вкус на овој италијански деликатес и ви претставуваме лазањи во едно поинакво издание. Тајната е во печењето на мини лазањите во калапи за мафини.

Потребни состојки:

– 1 лажица маслиново масло
– половина главица кромид, исечкана на коцки
– 2 чешниња лук
– 4 италијански колбаси, без обвивка
– 2 ипол шолји сос од домати
– 1 лажица италијански зачин
– прстофат снегулки црвен пипер
– сол и бибер
– 1 пакетче кори за лазањи
– 1 ипол шолја рикота
– 1 шолја моцарела

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Калапот за мафини премачкајте го со спреј против лепење. Во тава ставете малку маслиново масло и загрејте на средна температура. Додадете кромид и динстајте околу 5 минути. Потоа додадете го лукот и динстајте уште една минута, додека не омекне. Во тавата додадете ги исецканите колбаси и продолжете со пржење. Цело време мешајте со дрвена лажица. По 5 минути додадете го доматниот сос и оставете да зоврие. Зачинете со италијански зачин, црвен пипер, бибер и сол. Намалете ја температурата на шпоретот на минимум. На дното од калапот за мафини ставете еден лист кора од лазањи кои претходно сте ги обариле кратко за малку да омекнат, а врз кората ставете од направениот сос. Потоа додадете 2 лажички рикота и 1 лажичка моцарела. Ставете уште еден лист кора одозгора, малку сос и прстофат рикота и моцарела. Постапката повторете ја додека не се наполнат сите вдлабнатини во калапот. Потоа префрлете го калапот во рерна и печете околу 20 минути, додека рабовите не добијат златно-кафеава боја. На крај почекајте само 5 минути пред да ги извадите од калапот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот