Телото на папата Франциск пренесено во базиликата Свети Петар/Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Италијанската амбасада во Скопје отвори дигитална книга на жалост по повод смртта на папата Франциск

По повод смртта на папата Франциск, Амбасадата на Италија во Скопје отвори дигитална книга на жалост за граѓаните кои сакаат директно да го изразат своето сочувство.

– Пораките на сочувство можат да се испратат на адресата: [email protected], а потоа ќе бидат проследени до надлежната Апостолска нунцијатура – соопшти Амбасадата на Италија.


Папата Франциск почина на 21 април на 88-годишна возраст, а како што соопшти, причината за смртта е мозочен удар и срцева слабост.

Погребот на папата Франциск ќе се одржи в сабота на 26 април во 10 часот на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот