Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Италијанците со нова идеја: Милан ќе игра натпревар во Австралија?

Додека во европскиот фудбал сè уште се коментира веста дека дербито помеѓу Виљареал и Барселона од шпанската Ла Лига би можело да се игра во Мајами, уште една сензационална најава доаѓа од Италија.

Раководството на Серија А сериозно размислува еден од своите првенствени натпревари да го пресели на другиот крај од светот во Австралија. Според информациите, станува збор за средбата меѓу Милан и  Комо, која е закажана за февруари, а до тогаш би требало да се завршат сите административни и организациски подготовки.

Претседателот на Серија А, Еѕио Симонели, ја потврди оваа идеја, но истакна дека засега ништо не е официјално и дека се чека дозвола од УЕФА.

„Засега тоа е само концепт. Нема конкретни чекори додека не добиеме зелено светло од УЕФА. Се надеваме дека тоа ќе се случи до крајот на септември. Не гледам причина за критика, зборуваме за еден натпревар од вкупно 380 што се играат во текот на сезоната. Ова е можност да се доближи италијанскиот фудбал до навивачите ширум светот, а Австралија има огромна италијанска заедница и љубители на Серија А“ изјави Симонели.

Доколку плановите се реализираат, натпреварот би се одиграл во Перт, што ќе биде историски момент за италијанското првенство, првпат меч од Серија А би се играл надвор од границите на Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!