Италијанска полиција/Профимедиа

Италија ќе ги уапси Галант и Нетанјаху ако стапнат на нивна територија

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави вечерва дека верува оти одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налози за апсење на израелскиот премиер и министер за одбрана Бенјамин Нетанјаху и Јоав Галант е погрешна, но рече дека и покрај тоа, тие ќе бидат уапсени ако дојдат во Италија бидејќи „Италија го почитува меѓународното право“.

„Мислам дека донесоа одлука со која ги ставија израелскиот премиер и министерот за одбрана на исто ниво со оние кои го организираа и водеа нападот што доведе до масакр и киднапирање на луѓе во Израел, поради што започна војната. Тоа се две сосема различни работи“ рече тој.

Претходно денеска МКС објави дека е издаден налог за апсење по Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас Ибрахим Ал Масри под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото за време на конфликтот во Газа.

МКС додаде дека овие налози за апсење „се во интерес на жртвите и нивните семејства“, како и дека постојат „основи за сомневање“ да се верува дека тие „ги превиделе нападите врз цивилното население во Појасот Газа“.

Израел, како и САД, не е член на МКС, но Светскиот суд рече дека израелското прифаќање на неговата јурисдикција не е неопходно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот