
Истражување покажува дека кучињата најдобро учат нови трикови со овие две награди
Истражување открива дека ако сакате да му помогнете на вашето куче подобро да научи нови трикови и команди, грицките не се најдобрата награда за нивното добро однесување.
Препорачано
Во април 2024 година, Одделот за етологија на Универзитетот „Лоранд Еотвос“ во Будимпешта објави истражување кое покажува дека кучињата подобро учат кога ќе ги галите или ги фалите како награда, пишува „Парејд петс“.
Во истражувањето учествувале 24 кучиња, секое на возраст од една до девет години, меѓу кои имало 11 мажјаци и 13 женки. Шест кучиња биле мешани раси, додека останатите биле расни кучиња. Користејќи уникатна методологија, тренерите на кучиња се обиделе да ги научат кучињата нови командни зборови за трикови кои кучињата веќе ги знаеле.
Кучињата биле поделени во две групи. Во првата група дресерите ги галеле и ги фалеле кучињата кога ќе ги послушале и им давале грицка како награда. Тренерите не смееле да ги караат кучињата од првата група.
Во втората група, дресерите ги карале кучињата кога ќе згрешат, а како награда за доброто однесување им давале само грицки, без галење или пофални зборови.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека кучињата од првата група биле многу поуспешни во учењето трикови, што укажува на важноста на пофалбите и галењето за време на тренинзите.
Исто така, истражувачите тврдат дека карањето и недостатокот на пофалби може да предизвикаат стрес кај кучињата, особено кога ги учи тренер. Сопствениците на кучиња треба да ги земат предвид овие факти при изборот на метод за обука за нивните миленици.