epa08416190 A woman walks through a market in Guangzhou, Guangdong province, China, 12 May 2020. According to data by the Chinese National Bureau of Statistics, released on 12 May 2020, the latest Consumer Price Index (CPI) in China rose 3.3 percent year on year in April. EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Истражувачкиот тим на СЗО во посета на пазарот во Вухан

За време на мисијата, членовите на тимот на СЗО ја посетија и изложбата посветена на епидемијата на коронавирусот.

Истражувачкиот тим на Светската здравствена организација (СЗО), кој во Кина е под строг надзор на кинески официјални лица,  со цел да се истражи потеклото на коронавирусот, го посети пазарот во Вухан, кој беше центар за дистрибуција на храна за време на 76-дневниот карантин минатата година.

Истражувачкиот тим на СЗО, составен од експерти за ветеринарство, вирусологија, епидемиологија, технологија и безбедност на прехранбени производи, во придружба на поголема група кинески колеги, ги посети и двете болници каде што беше жариштето на епидемијата.

За време на мисијата, членовите на тимот на СЗО ја посетија и изложбата посветена на епидемијата на коронавирусот.

СЗО претходно соопшти дека членовите на истражувачкиот тим нема да имаат контакт со локалната заедница поради ризик од ширење на вирусот.

Кинеската Влада ја застапува теоријата дека епидемијата е предизвикана од вирус увезен во замрзната морска храна, што, како што посочуваат странските агенции, не се заснова на валидни докази. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот