Основно јавно обвинителство - зграда / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Истрага за разбојништво на кејот на Вардар

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Во дејствијата учествувало уште едно лице на чија идентификација се работи.

Двајцата соизвршители, на 14 февруари во попладневните часови, кај поранешно “Дрво-Декор” на кејот на реката Вардар, нападнале еден оштетен, му впериле нож во грбот и со употреба на сила и сериозна закана му одзеле 3.000 денари. Потоа го удриле неколку пати и избегале.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 26-годишник поради опасност од бегство и можност да го повтори делото. При предлагањето на најстрогата мерка за обезбедување обвинителот имаше предвид дека кривичното дело е извршено сред бел ден, во строгиот центар на градот, на локација со голема фреквенција на луѓе, па ценеше дека обезбедувањето на осомничениот е во функција и на заштита на граѓаните и нивното безбедно движење. Надлежните органи преземаат дејствија за откривање и на неговиот соизвршител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот