Метамфетамин/ Фото Hollandse Hoogte/ Profimedia

Истрага против две лица кои пренесувале амфетамин од Скопје до Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

По претходен договор и заедно, тие на 17 март во возило „Волксфаген голф“ со скопски регистарски ознаки од Скопје до Гевгелија превезувале психотропна супстанција амфетамин во вкупна количина од 1.491 грама. Амфетаминот се нафатиле да го пренесат за трето лице по кое се трага, за сума од 300 евра. Пратката во три најлонски пакувања ја презеле од локација во Аеродром и ја сокриле под хаубата на автомобилот. Со себе ја зеле и девојката на второосомничениот за која е поведена постапка за – Непријавување кривично дело или сторител од член 364 став 2 од Кривичниот законик – соопшти Основното јавно обвинителство.

Возејќи кон Гевгелија и кон локацијата на која требало да го остават амфетаминот, биле запрени од полициски службеници пред наплатната станица во близина на селото Смоквица. Поради претходни оперативни сознанија, обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и извршен претрес на возилото, при што била пронајдена психотропната супстанција.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за двајцата соизвршители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот