
Историски дуел: Ѓоковиќ подобар од Чилиќ во Шангај
Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Мастерсот во Шангај, совладувајќи го искусниот Хрват Марин Чилиќ со 7-6 и 6-4, во меч кој влезе во историјата како „најстар“ дуел досега одигран на еден Мастерс турнир — со вкупно 75 години на теренот (Ѓоковиќ 37, Чилиќ 38).
Препорачано
Првиот сет понуди голема борба и израмнета игра. Чилиќ имаше две брејк шанси при 5-5, но не успеа да ги искористи, па сетот се решаваше во тај-брејк. Таму Ѓоковиќ беше поефикасен и со убедливи 7-2 го освои првиот сет.
Во вториот сет, клучен беше еден брејк на српскиот тенисер. Тој го одржа водството и при 5-4 одбрани уште две брејк топки за да стигне до победата.
Ова беше 22-ри меѓусебен дуел меѓу двајцата ветерани, а Ѓоковиќ води убедливо со 20-2. Во следното коло, Новак ќе игра против Германецот Јаник Ханфман, кој е 159. на АТП листата.
Преземено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
45мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5