EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Исланд ни се извлече во Скопје, драматичниот финиш без победник

Машката ракометна репрезентација на Македонија одигра 24:24 против Исланд во четвртото коло од квалификациите за пласман на ЕП 2020. Драматичниот финиш овој пат беше среќен за гостите од Исланд кои со гол на три секунди до крајот дојдоа до реми и на табелата по четири кола.

Македонија и Исланд се наоѓаат на првите две места на табелата во групата 3 кои носат пласман на ЕП 2020, но во случај на ист број бодови, „црвено-жолтите“ поради подобриот меѓусебен скор би биле први во групата што значи полесни противници на ждрепката.

За разлика од првиот натпревар, сега на средбата која се играше во салата Борис Трајковски, одбраните доминираа. Резултатската клацкалка беше присутна во сите 60 минути, а последните две минути Македонија негативата од 22:23 со головите на Лазаров и на Манасков ја претвори во предност но Исланд успеа да се извлече со голот на три секунди до крајот.

Кире Лазаров со осум постигнати голови беше најпрецизен во македонската репрезентацијата, додека Филип Талевски и Дејан Манасков по четири пати ја тресеа мрежата на Исланѓаните. Одлична вечер имаше и Борко Ристовски кој успеа да одбрани 13 шутеви на противникот.

Следниот натпревар за Македонија во квалификациите е на 12 јуни на гости во Турција, а Македонија и Исланд со по пет бодови се лидери на табелата, додека Турција има бод помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!