
Исламизираниот Данец, кој со лак и стрела направи масакр во Норвешка, ги призна убиствата
Триесет и седумгодишниот дански државјанин , кој е обвинет за брутално убиство на пет лица во Норвешка, ги призна убиствата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Данецот е обвинет дека вчера убил пет лица и ранил уште двајца во норвешкиот град Конгсберг. Тој ги убил повеќето жртви стрелајќи без никаква причина користејќи лак и стрела, но полицијата соопшти дека напаѓачот користел друго оружје.

Според локалните медиуми, напаѓачот ги признал убиствата за кои е обвинет.
– Тој е обвинет за убиство и полицијата го знаела и претходно заради сторени други кривични дела.

Норвешката полиција соопшти дека напаѓачот пред одреден временски период била во контакт со него бидејќи стравувала дека лицето може да се радикализира.
Напаѓачот накратко бил испрашуван по апсењето и соработувал со полицијата.
–
Убиецот и објаснил на полицијата што направил и која била причината за убиствата . Тој призна за што е обвинет – соопшти полицијата и додаде дека нема да го коментира мотивот за убиството.
Засега се уште не е соопштен идентитетот на жртвите.
Инаку, нападот се случи синоќа, на различни локации во Конгсберг, град 68 километри југозападно од главниот град Осло.

Околу 18 часот по локално време, полицијата добила неколку пријави дека непознат маж со лак и стрела шета низ градот. Нападите беа извршени во „широката област“ Конгсберг, мал град со околу 28.000 жители.

Нападот го започнал во еден супермаркет, а напаѓачот наводно сменил локација и случајно испукал стрели кон луѓето.
– Еден од повредените е полицаец кој му се спротивставил на напаѓачот во обид да го разоружа. Во тоа време полицацеот не бил на служба и немал со себе униформа и оружје – изјави шефот на полицијата, додавајќи дека за време на приведувањето на напаѓачот и пружил отпор на полицијата .
Полицијата веднаш по нападот соопшти дека не е исклучена можноста да станува збор за терористички акт.