
„Искра е моја ќерка“: Саша Ковачевиќ искрено за љубовта со Зорана, поранешната сопруга на Богдан Срејовиќ
Српскиот пејач Саша Ковачевиќ неодамна соопшти дека ќе „стапне на лудиот камен“ со неговата љубена, Зорана Тасовац, поранешната сопруга на Богдан Срејовиќ.
Препорачано
Миленикот на женската публика откри дека подготовките за свадбата со неговата долгогодишна партнерка се во тек, но, исто така, додаде и дека свадбената церемонија нема да се случи во Србија.
„Јас и Зорана живееме како да сме во брак. Свадбата ќе ни биде интимна, на егзотична локација далеку од Србија. Венчалниот документ не ми е важен, но дефинитивно планирам да се венчам“, изјавил Саша за „Информер“.
View this post on Instagram
Зорана од првиот брак со Богдан Срејовиќ, поранешното момче на Светлана Цеца Ражнатовиќ, има ќерка која Саша ја обожава и ѝ посветува максимално внимание.
„Искра ми е ќерка, така ја доживувам од првиот момент. Не сум ѝ биолошки татко, но јас ја сметам за мое дете. Утре кога ќе имам свое, биолошко дете, Искра повторно ќе ми биде прво дете. Во последно време, често го слушам коментарот ‘Но, таа не е твое дете’. Едноставно, јас во мојот дом можам да ги нарекувам и да ги доживувам луѓето така како што сакам. А неа ја доживувам како своја. Затоа не им дозволувам на злобните луѓе да ми ‘ѕиркаат во дворот’“, вели Саша.
View this post on Instagram
Како што можат да воочат сите, Искра е воодушевена од Саша.
„Искра може да ме нарекува така како што сака, но таа избра да ме нарекува ‘папа’. Таа има свој биолошки татко, но јас ќе ѝ бидам поддршка за сѐ во животот“, вели пејачот.
View this post on Instagram