Рози - Фото: Freepik

Искористетете ги облачните денови и засадете го ова цвеќе: Ќе мириса со години и ќе имате најубав двор

Розите со право ја носат титулата кралици на цвеќето. Не само поради нивните прекрасни ливчиња и опоен мирис, туку и поради нивната исклучителна отпорност. Тие се веројатно најблагодарните растенија кои можете да ги засадите во вашиот двор. Дури и без редовно полевање и прихранување, розите можат да опстанат, доказ за тоа се оние кои растат по парковите, за кои никој не се грижи, а сепак цветаат со години.

Сепак, кога еднаш ќе ги засадите, препорачливо е да се грижите за нив за да го дадат својот полн сјај.

По летните цветници, кога повеќето растенија полека престануваат да цветаат и градината веќе не е толку шарена и мирислива, идеално време е да внесете нова убавина. Розите многу брзо ќе почнат да цветаат и ќе го разубават секој двор. Ако сега немате време или чекате крај на сезоната на летните цветници, розите можете да ги садите и во ноември – сè додека земјата не замрзне. Во потоплите краишта, садењето е можно дури и во декември.

Ако сакате да оформите цветна греда со рози, садете ги во групи од три до пет, од иста сорта, додека боите може да варираат. Ако, пак, сакате да доминира една боја, засадете ги во иста нијанса. Многу ефектно изгледа и комбинацијата со други украсни растенија и грмушки.

Простор и услови за растење

Розите брзо напредуваат, а во зависност од видот можат да се шират или да растат во висина. Затоа оставете доволно простор за нивниот развој, препорачано растојание е околу 40 до 50 см. Најмногу им одговараат сончеви места и пропуслива почва богата со хумус.

Правилно садење и нега

При садење, важно е целиот корен да биде во ископаната јама. Една од клучните работи за здрав раст и обилно цветање е редовното кроење, кое придонесува и за поубава форма на растението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот